Летонијa: Руската војска ја интензивира својата активност

Интензитетот на дејствијата на руските Вооружени сили во близина на границата со Летонија се зголеми, изјави министерот за одбрана на Летонија Рајмонд Вејонис.

Интензитетот на дејствијата на руските Вооружени сили во близина на границата со Летонија се зголеми, изјави министерот за одбрана на Летонија Рајмонд Вејонис. Тој истакна дека тоа е поврзано со одржувањето на самиторт „Источно партнерство” во Рига во рамките на претседавањето на Летонија со Советот на Европската унија, пренесува агенцијата „Делфи”.

„Секојдневно се појавува некој брод или авион во близина на границата со Летонија. Интензитетот на активности се зголеми”, изјави Вејонис. Тој притоа додаде дека интензитетот на активностите на руските вооружени сили е помал кога ќе се спореди со ситуацијата од пред година дена.

„Сите надлежни служби се подготвуваат за овој самит, спроведуваат превентивни активности. Ние спроведовме неколку мерки за јакнење, на пример, на нашите ИТ-системи. Активирани се специјални програми кои ќе спречат блокирање на интернет-сајтовите”, додаде Вејонис.

Летонско министерство тврди дека руски војни бродови и авиони се приближиле до границите на оваа земја преку 250 пати.

Министерството за одбрана на Русија повеќепати има изјавено дека сите летови на авионите на Военото ваздухопловство на РФ се реализираат во строг склад со меѓународните правила на користење на воздушниот простор над неутрални води, без нарушување на границите на друг држави.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.