Лавров: Русија е подготвена да ѝ даде поддршка на Србија во решавањето на косовското прашање

За Русија се прифатливи решенијата кои ќе ѝ одговараат на Србија во решавањето на косовското прашање, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров во интервју за српскиот весник „Политика“.

За Русија се прифатливи решенијата кои ќе ѝ одговараат на Србија во решавањето на косовското прашање, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров во интервју за српскиот весник „Политика“.  

„Ние предупредувавме дека воведувањето во меѓународна употреба на моделот на прогласување независност на определени територии ќе создаде преседан. Многупати укажувавме на тоа дека во последно време западната алијанса на чело со САД широко применува двојни стандарди, ги прекршува основните принципи на меѓународното право, не престанува директно да се меша во внатрешните работи на суверени држави“, се вели во текстот на интервјуто што е објавено на официјалниот сајт на МНР РФ.

Како што истакна министерот, „последиците од таквата линија во полна мера ги почувствуваа врз себе народите на Југославија, Ирак, Либија, а денес и на Украина“.

„Позицијата на Русија околу косовското прашање е максимално јасна и непроменета; решавање на наведениот проблем е можно исклучително врз основа на меѓународното право и во рамките регулирани со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН“, потенцира Лавров.  

„Од своја страна подготвени сме и понатаму да им ја даваме на српските партнери неопходната поддршка“, уверува министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња