Експерт: РФ е идеален воен партнер за Европа во Медитеранот

Со помош на воените вежби медитеранските европски земји можат да почнат дијалог за прашања за безбедноста со Русија и Кина, смета раководителот на програмата “Евроазија“ на Институтот за висок геополитички истражувања на Италија Дарио Читати.

Руско-кинеските маневри во Средоземното море ќе бидат полезни за низа европски земји, изјави во интервју за радиото „Спутник“  раководителот на програмата “Евроазија“ на Институтот за висок геополитички истражувања на Италија Дарио Читати.

Претходно руските и кинеските бојни бродови имаа вежби во Црното море пред почетокот на маневрите во Средоземното море. Во вежбите „Поморска соработка 2015“, чија активна фаза ќе се реализира во Средоземното море од 17 до 21 мај, ќе учествуваат околу 10 бојни бродови на ВМФ Русија и ВМС Кина од различни класи.

„Медитеранските земји ќе можат, така да се каже, да извлечат полза од овој експеримент, за да  започнат дијалог по прашања за безбедноста со Кина и особено со Русија, која е идеален партнер, вистински партнер за Европа во борбата против исламската држава“, смета Читати.

Геополитологот е убеден дека меѓу европските земји не постои единство во однос на проблемот со тероризмот и контролата на либиските граници, поради што, според него, во моментов во Средоземното море отсуствува авторитетот на Европа. 

Истовремено Читати смете дека маневрите се „знак на зголемување на заемната доверба“ меѓу Русија и Кина.

„Формално Кина и Русија изјавија дека овие маневри немаат ништо заедничко со некаков наводен сигнал за, на пример, САД и западните земји. А станува збор едноставно за технички маневри за зголемување на заедничките можности на море, особено за операции во океан“, ги цитира изданието зборовите на Читати.

„Спутник“ истакнува дека, според зборовите на некои експерти, заедничките маневри, кои Русија и Кина ги одржуваат од 2012 година, се знак за тесна соработка меѓу двете земји.

„Зближувањето во воените односи меѓу земјите овозможува да се претпостави дека станува збор за формирање вистинска, пореалистична азиска воена алијанса која официјално ќе му се спротивставува на НАТО“, заклучува изданието.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња