Средбата на рускиот претседател Владимир Путин со германската канцеларка Ангела Меркел и државниот секретар на САД Џон Кери му дава на германскиот бизнис надеж дека санкциите против Москва ќе бидат укинати, пишува „Ханделсблат“.
Како што наведува ова германско издание, Ангела Меркел сака да го реши прашањето со украинската криза, а со самото тоа и санкциите. Таа во текот на посетата на Москва изјави дека Германија е „со Русија, а не против неа“. Тоа е, пишува изданието, „повик за мир до целиот свет“ и искра надеж за сите германски компании што соработуваат со Русија.
„Посетата на германската канцеларка на Москва на 10 мај и неодамнешниот престој во Волгоград на министерот за надворешни работи на Германија Франка Валтер Штајнмаер претставуваат многу значајни чекори, насочени кон обнова на довербата“, се наведува во соопштението на претседателот на Источниот одбор на германската економија Екард Кордес што го пренесува „Дојче Веле“.
Претседателот на руско-германската трговска комора Рајнер Зеле исто така е сигурен дека Европејците немаат друг излез освен постојан дијалог со Русија. „Ние со страв гледаме на намалувањето на обемот на трговската размена меѓу Русија и ЕУ и политичко-економското преориентирање на Русија кон Кина“, изјави Зеле.
Според информациите на „Ханделсблат“, на територијата на Русија работат околу 6400 германски фирми. За напуштање на Русија, како што тоа го направи компанијата „Опел“ во март годинава, ниедна германска компанија веќе не помислува.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче