Западните лидери се изолираа себеси од остатокот на светот кога ја одбија поканата да учествуваат во Парадата во Москва, пишува „Ил Џорнале д'Италија“, пренесува РИА „Новости”.
„Парадата остави силен впечаток, докажувајќи дека Путин не е изолиран туку, напротив, во изолација се најдоа они кои не дојдоа во рускиот главен град на прославата на 9 мај“, се наведува во изданието.
Како што истакнува медиумот, погрешно е да се смета дека политичарите кои присуствуваа на Парадата имаат помало политичко влијание од оние кои ја бојкотираа.
Меѓутоа, пишува весникот, не сите лидери ја пропуштија прославата на Црвениот плоштад. Во Москва беа, меѓу останатите, и премиерот на Грција Алексис Ципрас и кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, кои за Русија ги врзува „не само православната вера на нивните народи, туку и огорченоста поради грешките што ги направи Европа“, се наведува во текстот на статијата.
Oваа година Русија покани вкупно 68 светски лидери, од кои во Москва на одбележувањето на јубилејот од Победата над фашизмот допатуваа 30, вклучувајќи го и генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче