САД „отворено се противат на испораката на руски гас во ЕУ низ Грција“

Соединетите Држави се против изградбата на новиот гасовод преку кој, место „Јужен тек“, Европа би требало да се снабдува со руски гас, изјави пратеникот за меѓународни енергетски прашања на Стејт департментот Амос Хокстин.

Соединетите Држави се против изградбата на новиот гасовод преку кој, место „Јужен тек“, Европа би требало да се снабдува со руски гас, отворено изјави на преговорите во Атина пратеникот за меѓународни енергетски прашања на Стејт департментот Амос Хокстин.

Неговата изјава ја пренесе грчкиот министер за индустриски реформи, животна средина и енергетика Панајотис Лафазанис, пренесува РИА „Новости”.

Според Лафазанис, грчките власти безусловно го поддржуваат проектот за изградба на гасоводот низ Грција, нагласувајќи дека и Грција и продолжуваат да преземаат чекори за реализација на овој проект.

„САД, се разбира, не го сакаат овој гасовод, што искрено и директно ми рече Хокстин во текот на нашата неодамнешна средба. Сепак, сметаме дека таквиот проект е од национален интерес економски и енергетски исплатлив”, изјави грчкиот министер.

Американската амбасада во Атина претходно соопшти дека САД се загрижени поради тоа што Грција со разгледувањето на учеството во изградбата на „Турски тек“ нема да ја зголеми енергетската диверзификација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.