Томислав Николиќ ја отфрли можноста за реализација на „Турски тек“ на територијата на Србија

Белград ја смета за невозможна изградбата на цевководот за „Турски тек“ на територијата на Србија, затоа што Белград нема намера да добива гас од тој гасовод, изјави во ексклузивното интервју за „Интерфакс“ претседателот на Србија Томислав Николиќ.

„Мислам дека реализацијата на „Турски тек“ (на територијата на Србија е невозможна), и од тој правец ние нема да добиваме гас“, изјави тој.

Претходно амбасадорот на Србија Славенко Терзиќ изјави дека земјата е заинтересирана за учество во „Турски тек“,  но дека ова прашање се наоѓа во фаза на разгледување.

Според мислењето на Терзиќ, одлуката на Москва да се откаже од реализацијата на „Јужен тек“ и да се договори за реализација на „Турски тек“ ја усложнува ситуацијата за Србија во сферата на енергетската безбедност.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.