Медиуми: Турција може да го отповика својот амбасадор од Москва

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на средбата со турски историчари не ја исклучи можноста да го отповика својот амбасадор во Москва во врска со позицијата на Русија околу геноцидот на Ерменците во Османлиското царство во 1915 година, соопшти весникот „Милиет“

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на средбата со турски историчари не ја исклучи можноста да го отповика својот амбасадор во Москва во врска со позицијата на Русија околу геноцидот на Ерменците во Османлиското царство во 1915 година, соопшти весникот „Милиет“ повикувајќи се на историчарот Мустафа Армаган кој присуствувал на средбата.

„Претседателот рече дека го дискутирал ова прашање со Путин по телефон и му изјавил дека е огорчен. Според него, нашите односи со Москва се добри, еден со друг се разбираат со претседателот, но да се оди на компромис по ова прашање за нас е невозможно. Ердоган потенцираше дека, доколку биде потребно, Турција може да го отповика амбасадорот во Русија и да ги спушти дипломатските односи на ниво на генерален конзул или привремен повереник“, изјави Армаган чии зборови ги цитира РИА „Новости“.  

Претходно претседателот на Турција изјави дека Русија треба да даде отчет за своите постапки на Крим и во Украина пред да го осудува масовното убиство на Ерменците од страна на  Турците-Османлии во 1915 година.

Пред тоа портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков изјави дека Русија ги цени односите со Турција и не смета дека учеството на претседателот Владимир Путин на манифестацијата во Ерменија ќе се одрази негативно врз овие односи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња