Од стапувањето на Владимир Путин на должноста претседател, Русија се измени до степен на непрепознатливост. И покрај економската криза и воведувањето на санкциите, рускиот претседател стана најпопуларниот лидер на Кремљ, пишува британскиот весник „Гардијан“, а пренесува газета.ру.
„Русија на меѓународната арена беше соочена со изолација, санкции, дури и со студена војна. Тешко е да се одрекне фактот дека Путин имаше големо влијание врз Русија и целиот свет“, се наведува во статијата.
Весникот пишува и за влијанието на украинската криза врз односите меѓу Русија и Западот, но за тоа во колкава мера се сменија односите меѓу Москва и НАТО.
Русија, како што наведува весникот, последниве неколку години доживеа бројни промени. Така е забележан пораст на населението во оваа земја, Москва се сврте кон Азија, а се појави и стремеж руската држава да стане „упориште на традиционалниот морал“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче