Бродовите на воената морнарица на Кина првпат во историјата пристигнуваат во Новоросијск

Одред на бојни бродови на Народноослободителната војска на Кина на 8 мај ќе впловат во Новоросијск за да учествуваат во прославата по повод 70-годишнината од Победата над фашизмот.

Одред на бојни бродови на Народноослободителната војска на Кина на 8 мај ќе впловат во Новоросијск за да учествуваат во прославата по повод 70-годишнината од Победата над фашизмот. Бродовите на кинеската морнарица ќе бидат засидрени до 12 мај во рускиот град, по што ќе учествуваат во руско-кинеските воени вежби, соопшти претставникот за медиуми на Министерството за одбрана на Русија Игор Дигало. 

„Бојните бродови „Лин Иˮ и „Веј Фанˮ на воената морнарица на Кина стигнуваат на 8 мај во воената база во Новоросијск за да учествуваат во прославата на Победата над фашизмот во Великата Татковинска војна. Одредот потоа ќе прејде во реон на Средоземното море каде ќе се одржат руско-кинески воени вежби“, изјави Дигало.

Претходно беше соопштено дека бродовите на 4 мај го преминале мореузот Дарданели – Босфор и влегле во Црното море, по што го продолжиле патот според претходно утврдената маршрута, југоисточно од Кримскиот полуостров. 

Западните медиуми ги прикажаа воените вежби на овие „два гиганти“ како стремеж за зацврстување на билатералните односи и проширување на соработката. Американскиот „Њујорк Тајмс“ напиша дека воените вежби претставуваат политичка порака до Америка и Европа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња