Генералниот секретар на ООН ќе присуствува на 9 мај во Москва

Бан Ки Мун ќе присуствува на Парадата на Победата во Москва и ќе се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин, пренесе ТАСС.

Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун ќе патува за Москва за да присуствува на свеченостите по повод 70-годишнината од Победата во Втората светска војна, а исто така планира да се сретне и со претседателот на РФ Владимир Путин, соопшти портпаролот на генералниот секретар Стефан Дјужарик.

„Генералниот секретар ќе патува за Москва за празнувањето на Денот на Победата на 9 мај, изјави Дјужарик. – Во текот на престојот во Русија тој ќе се сретне со претседателот Владимир Путин, како и со шефовите на делегациите на низа земји кои ќе присуствуваат на прославата“. Во придружба на генералниот секретар на ООН ќе биде генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова. 

„Летот за Москва е планиран за 8 мај. Во Русија генералниот секретар ќе земе учество во празничните активности и ќе се врати назад на 11 мај“, соопшти извор во седиштето на светската организација.

Во седиштето на ООН во Њујорк по повод Денот на Победата се планирани низа активности. Постојаниот претставник на РФ Виталиј Чуркин претходно истакна дека ќе биде отворена фото-изложба за Втората светска војна, а на 5 мај ќе се одржи седница на Генералното собрание на ООН посветена на 70-годишнината од завршувањето ан Втората светска војна. На 9 мај ќе се одржи неофицијална средба на дипломатските мисии на земјите од ЗНД.

Учеството во манифестациите посветени на јубилејот на Победата о Москва го потврдија 30 шеови на држави и влади, како и раководители на меѓународни организации: претседателите на Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргизија, Туркменија, Таџикистан, Абхазија, Јужна Осетија, претседателот на Кина, „кој ќе биде во одделна официјална посета“, лидерот на Куба, претседателите на Индија, ЈАР, Босна и Херцеговина, Република Српска, Венецуела, Виетнам, Зимбабве, Македонија, Монголија. Во Москва исто така се очекуваат и лидерите на Кипар, Палестина, Србија, Словачка и Чешка, како и канцеларката на Германија.

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков прецизираше дека поради згуснатиот распоред за патување во Москва не сите споменати лидери ќе можат да учествуваат на парадата на Црвениот плоштад на 9 мај.

На 2 мај шефот на кабинетот на претседателот на РФ Сергеј Иванов изјави дека на Денот на Победата во Москва ќе присуствуваат помалку странски гости отколку пред 10 години, но за властите на земјата поважно е празникот да помине достоинствено пред сѐ за граѓаните на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња