Два дена по посетата на Владимир Путин на Ерменија раководството на турската држава енергетска компанија „Боташ”, која ја претставува Турција во проектот за изградба на „Турски тек“, доби неофицијален налог со Анкара да ја запре соработката со „Гаспром“ по ова прашање, да не презема никакви потези во насока на усогласување на проектната документација и да чека понатамошни упатства, пренесува сајтот на аналитичката агенција „Надворешна политика“ (Внешняя политика)”.
На несогласувањата меѓу Русија и Турција по повод сирискиот конфликт и положбата на татарското население на Крим, сега им се придодаде и ерменското прашање кое, иако не е нерешливо, може да стане формален повод за одлагање на имплементацијата на проектот. Пред парламентарните избори во Турција а 7 јуни 2015 година, во деловните кругови и меѓу политичката елита во Турција сѐ почесто можат да се слушнат изрази на незадоволство и апели да се бараат од Русија поголеми привилегии, на пример, минимум 15% попуст на цената на гас.
Во услови на ограничено време, дури и мало одлагање може да доведе до дополнителни финансиски трошоци и до намалување на рентабилност на проектот.
Аналитичарот на агенцијата „Надворешна политика“, меѓутоа, смета дека е малку веројатно дека турското политичко раководство поради моменталното одлагање ќе се одрекне од економските и геополитичките предности што им ги носи изградбата на „Турски тек“.
Претседателот на Русија Владимир Путин го посети Ереван на 24 април и учествуваше во одбележувањето на стогодишнината од геноцидот на Ерменците во Отоманската. Веднаш по изјавата на рускиот претседател, Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение со кое ја осуди постапката на Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче