Полските власти и официјално ја известија руската амбасада во Варшава за забраната за влез на учесниците во дефилето Москва-Берлин организирано од мото-клубот „Ноќни волци“, соопштува „Интерфакс“.
Полската страна како причина го наведе очигледното задоцнување за обезбедување информации за посетата и организацијата, изјавија од амбасадата на РФ.
Од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација веднаш реагираа со изјава, во која се вели дека „се револтирани поради одбивањето од страна на полските власти на обраќањето за помош за добивањето на потребните дозволи во врска со активностите планирани за 27-29 април оваа година на територијата на Полска во рамките на дефилето кое го реализира групата „Руски мотоциклисти“, посветено на 70-годишнината од победата во Втората светска војна. Под измисленото оправдување „задоцнета и недоволна достава на информација“ за дефилето, полските власти ја минираа оваа меморијална акција. Тоа е ноторна лага“, се вели во соопштението на сајтот на МНР РФ.
„Потребните информации беа доставени во доволен обем и навремено, а на барањата да се прецизираат едни или други параметри на дефилето или да се дополнат податоците за моторџиите кои учествуваат во него, руската страна реагираше без одолговлекување“, истакнаа од министерството.
"Значајно е што одбивањето на Полска е единствено по целата маршрута на планираното возење на „Руските мотоциклисти“ низ земјите на европските земји. Очигледно е дека одлуката е политички мотивирана“, - заклучи Министерството за надворешни работи.
Министерството изрази „силен протест" поради одлуката на полските власти „кај кои најблагородните цели предизвикаат апсолутно несоодветна реакција“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче