ЕУ во иднина ќе влезе во составот на Руската Федерација, изјави претседателот на Чешка Милош Земан во интервју за „Чешко радио“.
„Јас имам сон. Во долгорочна иднина Руската Федерација ќе биде член на ЕУ. Ако не ви се допаѓа, мислете дека ЕУ стапува во Руската Федерација. А резултатот ќе биде ист“, смета претседателот на Чешка.
Тој истакна дека економиите на Русија и ЕУ си се потребни една на друга. Освен тоа, Земан рече дека сонува за заедничка борба на РФ и ЕУ против тероризмот.
„Русија си има свои терористи, ние во Европа – свои, Американците го имаа 11 септември. Зошто да не се обединиме во таа борба? Според моето мислење, тоа е најголемата закана за нашата цивилизација која ги вклучува во себе Достоевски, Солженицин и многу други“, заклучи Земан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче