Во Русија направија систем за спасување на космонаути

Стручњаците на руското НПП „Ѕвезда“ дизајнираа скафандер кој може да го врати космонаутот на бродот или станицата во случај на итна ситуација при работа на отворено во вселената, изјави раководителот и главен конструктор на претпријатието Сергеј Поздњаков.

Стручњаците на руското НПП „Ѕвезда“ дизајнираа скафандер кој може да го врати космонаутот на бродот или станицата во случај на итна ситуација при работа на отворено во вселената, изјави раководителот и главен конструктор на претпријатието Сергеј Поздњаков.  

„Замислете си: космонаутот одлетал, како во познатиот фил, и треба да се спаси. Се работи за секунди. И тогаш: стиска копче и уредот за спасување, или сејферот, сам го враќа. Ние сакаме да го интегрираме системот за спасување на космонаути директно во скафандерот „Орлан“ кој се користи за работа на отворено во вселената. Тоа има цврст штитник напред и на грбот кој ќе му го овозможи тоа“,  изјави Поздњаков за „Росијскаја газета“.

Според него, концептот за сејферот е таков што тој треба сѐ да прави како автомат – како во катапулт за пилот. „Сега испитуваме прототип на конструкцијата за автоматизиран систем за спасување на космонаути. Тоа е проценка на концепциите, пристапите. Испитувањата се одвиваат на специјален површински тестер. А на станицата ќе треба да се вградат определени радио-предаватели кои според радиосигналот би го управувале системот за спасување. Сејферот ќе има точно 16 микромотори. За да овозможи и вртење, и стабилизација, и преместување во вселената“, истакна Поздњаков.

Тој прецизираше дека во својство на гориво може да се искористи компресиран воздух. „Најважно е да има млаз. Но во „Орлан“ има кислород во балони под висок притисок. Се разбира, кислородот треба да се користи помалку ефективно, сепак тоа е можно“, изјави главниот конструктор.  

Според него, оддалечување од станицата повеќе од 100 метри е опасно. „Ако се оди подалеку, настануваат компликации од гледна точка на ориентацијата, враќањето, влијанието на орбитите. Идејата е автоматиката да го разбира тоа оддалечување. Или да ја вклучува од станицата космонаутот што ќе остане таму. Постојат разни варијанти, но, ќе повторам најважното е да се направи автоматика која би вртела, ориентирала и враќала“; изјави главниот конструктор.

Поздњаков истакна дека испитувањата на прототипот привршуваат веќе во мај. „Засега се занимаваме со „спасителот“ на ниво на иницијатива. Се надеваме дека дизајнот е предизвика интерес кај „Роскосмос“, заклучи Поздњаков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.