„Ла Стампа“: Вашингтон подготвува нова стратегија за Русија

Италијанскиот весник „Ла Стампа“ дојде до документ кој ги открива плановите на администрацијата на САД за промена на стратегијата спрема Русија.

САД сметаат дека рускиот претседател Владимир Путин решил да ја смени стратегијата на Русија спрема Запад и Американците се подготвуваат за „долготрајна конфронтација“ со РФ, пишува италијанскиот весник „Ла Стампа“ повикувајќи се на документ кој доаѓа од администрацијата на САД. 

Како што соопштува изданието, САД ја градат својата соработка со најважните земји на основа на протоколи кои периодично е обновуваат. „Обновениот протокол за односите со Русија наскоро ќе му биде доставен на разгледување на американскиот претседател Барак Обама“, пишува изданието, истакнувајќи дека „почетна точка“ за формирање на новата стратегија е промената на односите на Русија спрема Западот.

„По распадот на СССР, во врска со економските потреби, Москва го одбра патот на соработка (со Западот“ за модернизација“, пишува изданието, истакнувајќи дека таа стратегија се почитувала и во текот на првиот претседателски мандат на Владимир Путина, меѓутоа војната во Грузија веќе станала сигнал за промена на надворешната политика на Русија. Како резултат на украинската криза стана очигледно дека стратегијата се изменила и Русија станала подготвена да користи сила за заштита на своите национални интереси, се вели во статијата.  

Реакцијата на  Вашнгтон се состои од економска и социјална поддршка на земјите кои можат да се наоѓаат под закана, пишува „Ла Стампа“, истакнувајќи дека Западот и сите сојузници на САД треба да се подготват за „долготрајна конфронтација“. Особено станува збор за крајот на 2015 година кога роковите за Минската спогодба ќе истечат и западните земји ќе мораат да донесат олука за продолжување или засилување на санкциите против Русија. Меѓутоа, истовремено „Вашингтон не сака да ја заостри конфронтацијата“ и ја продолжува соработката  со Русија во различни сфери – во неширењето на нуклеарното оружје, вселенските истражувања, освојувањето на Арктикот. Според мислењето на авторот на статијата, САД претпочитаат соработка, затоа што во спротивен случај може да настане „хаос или дури и војна“, пишува „Ла Стампа“. „Сепак, додека Владимир Путин е претседател на Русија, Москва тешко дека ќе „се врати назад“, затоа Вашингтон ги моли сите сојузници да се подготват да бидат цврсти во конфронтацијата која може да трае уште една деценија“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.