Раул Кастро ќе присуствува на Парадата на Победата во Москва

Првиот човек на Државниот совет на Куба Раул Кастро ќе дојде во Москва на празнувањето на 70-годишнината од Победата во Втората светска војна, соопшти ТАСС.

Првиот човек на Државниот совет на Куба Раул Кастро се согласи да дојде во Москва на празнувањето на 70-годишнината од Победата во Втората светска војна, соопшти спикерот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко, пренесува ТАСС.

„Тоа сведочи за блискоста на пристапите за неприфатливоста на ревизија на историјата, намалување на улогата на советската армија која одигра клучна улога во победата над фашизмот“, изјави Матвиенко. Таа додаде дека во годината на јубилејот на Победата на Куба ќе се одржат серија манифестации посветени на овој настан со учество на руската страна.

Претходно шефот на администрацијата на претседателот на Русија Сергеј Иванов изјави дека првично учеството на Парадата на Победата го потврдиле лидерите на 25 земји и неколку меѓународни организации. Конечниот број на гости ќе биде познат дури на почетокот на мај. Во меѓувреме, се знае дека во Москва ќе пристигнат раководителите на Кина и Северна Кореја.

Истовремено, поканата на Кремљ ја одбија претседателите на Полска, Финска, Јужна Кореја, Црна Гора, Израел, Бугарија, Молдавија, Литванија, Летонија и Естонија. Канцеларката на Германија Ангела Меркел планира да дојде во Москва на 10 мај.

На Парадата на Победата нема да може да дојде ни претседателот на Белорусија Александар Лукашенко. Кремљ со разбирање ја прифати одлуката на белорускиот лидер.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња