На веб-сајтот на Министерството за одбрана на Русија се појави интерактивна мапа на парадите на Победата

На сајтот на Министерството за одбрана на Русија сега може да се дознае каде и како ќе се одвиваат Парадите на 9 мај.

Нешто повеќе од две недели остануваат до најважниот празник оваа година – јубилејот од Победата во Втората светска војна. За тоа, каде и како ќе се одвиваат Парадите на 9 мај, сега може да се дознае на сајтот на Министерството за одбрана на Русија каде се појави нова секција.   

Таа содржи интерактивна мапа на 26 градови каде ќе се одржат прославите, како и информација за предвидениот број на воена техника и персонал кои ќе земат учество во свеченостите. Постои можност да се дознае и редоследот на по кој ќе се движат пешадијата, механизираните колони, како и схемите на летовите на авијацијата и движењата на парадниот строј на бродовите.

Во моментов се подготвени страници за планираните празнични свечености во Москва, Санкт-Петербург, Волгоград и Севастопол. Во најскоро време ќе почнат да функционираат и останатите.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња