ФИФА: Подготовките на Русија за СП во фудбал се одвиваат прекрасно

Сега е тешка економската ситуација, но пречките можат да бидат надминати, изјави претседателот на ФИФА Сеп Блатер за „Р-Спорт“.

Проблеми при подготовката на светските првенства во фудбал имаше секаде – Бразил Африка, Јужна Кореја и Јапонија, дури и во Германија, но во Русија сѐ се одвива едноставно прекрасно, изјави за „Р-Спорт“ претседателот на ФИФА Сеп Блатер.  

Натпреварите за светскиот шампионат во 2018 година ќе се одиграат од 14 јуни до 15 јули на 12 стадиони во 11 руски градови: Москва, Санкт-Петербург, Казањ, Нижни Новгород, Саранск, Калининград, Волгоград, Екатеринбург, Самара, Сочи и Ростов-на-Дон.

„Во Бразил, Јужна Африка, Кореја и Јапонија, дури и во Германија имаше проблеми (со организацијата на светско првенство). Овде (во Русија) сѐ се одвива прекрасно. Така што нема никакви проблеми“, изјави Блатер.

„Сега е тешка економската ситуација, но тие (потешкотиите) можат да бидат надминати, беа скратени определени расходи. Нам ни треба организација со пет ѕвездички, но нам не ни требаат насекаде хотели со пет ѕвездички. Економските проблеми ќе бидат надминати, претседателот Путин прави чекори кон Западна Европа: првин со Турција, сега со Грција, така што Русија не претставува изолирана земја, и тоа е добро. Тоа ни влева доверба“, изјави првиот човек на ФИФА.   

Тој исто така го пофали основањето тренинг-база во Грозни, Чеченија, за користење во текот на светското првенство.  

„(,...)Убеден сум дека базата во Грозни ќе биде добар избор, во врска со тоа не постои никаква загриженост. Последниве 40 години јас учествував во организациите на многу светски првенства, но никогаш не сум бил толку среќен да работам со организацискиот комитет како овде, во Русија“.  

„За Русија ова е национален проект и сите подготвителни работи се одвиваат добро. Четири стадиони се веќе изградени и уште два ќе бидат изградени во скоро време. Пред нас се уште три години, а ние никогаш не сме напредувале толку далеку со подготовките до овој момент“, додаде првиот човек на ФИФА. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња