РФ очекува Шведска трезвено да ја проценува безбедносната ситуација во Балтикот

Од МНР РФ истакнаа дека невидениот лов по руска подморница излегол ништо повеќе од непромислено трошење на парите на шведските даночни обврзници, пренесува РИА „Новости“.

РФ се надева дека властите во Шведска потрезвено ќе ја оценуваат ситуацијата во сферата на безбедноста во реонот на Балтичкото море, се вели во соопштението на МНР РФ, пренесува РИА „Новости“.

„Не можевме да не ја забележиме во шведските медиуми изјавата на контраадмиралот на ВМС Шведска Андрес Гренстад која се однесува на операцијата од голем обем што ја спроведуваше шведската војска есента минатата година во територијалните води на Шведска за потрага по неидентификуван подводен објект, како што изјавуваа во Стокхолм, - наводно руска подморница. Всушност, како што призна шведскиот контраадмирал, тој објект бил некаков „технички брод“. Би сакале да потсетиме дека претставници на Вооружените сили на Руската Федерација уште на почетокот ги отфрлија сите инсинуации на шведската страна за присуство на бродови на ВМФ Русија во територијалните води на Шведска“, изјавија од руското МНР.

Како што истакна министерството, невидениот според обемот лов по руска подморница не испадна на тој начин ништо освен неразумно трошење на парите на шведските даночни обврзници.  

„Тоа беше направено, треба да се разбере, поради антируската хистерија и пропагандното „пумпање“ на митот за „воената закана“ од Исток. Би сакале сите да се надеваме дека шведската војска и цивилните власти потрезвено ќе ја проценуваат безбедносната ситуација во регионот на Балтичкото море, да се наместат на бранот на конструктивниот дијалог со цел нејзино зајакнување“, заклучува од МНР РФ.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња