Медиуми: САД ќе ја интензивираат информативната војна на руските социјални мрежи

Врз база на чешката филијала на „Радио Слободна Европа/Радио Слобода“ ќе биде основан кибер-штаб чија задача е да се „спротивстави на дезинформациите во руската медиумска сфера“ преку социјалните мрежи, пренесуваат медиумите.

Врз основа на чешката филијала на „Радио Слободна Европа/Радио Слобода“ (финансирано од федералниот буџет на САД) ќе биде основан кибер-штаб чија задача е да се „спротивстави на дезинформациите во руската медиумска сфера“ преку социјалните мрежи, пренесуваат медиумите.

Создавањето на дигиталниот медиумски сектор во Прага се наведува во деталното барање на американската Владина информативна агенција за странство „BBG“ (Broadcasting Board of Governors)  за наредната фискална година која започнува од 1 октомври 2015 година. Барањето до Конгресот беше поднесено минатиот месец од претседателот на САД, пренесува „Известија“.

„BBG“ ги опфаќа Радио „Слободна Европа“/Радио „Слобода“ (RFE/RL), „Гласот на Америка“ (VOA) и други државни медиумски канали на САД: целта на „BBG“ е ширење на информации „во земји во кои постои недостаток од независни медиуми“.

На Русија во барањето на „BBG“, кое има 160 страници“, ѝ е посветен цел сегмент („Спротивставување на реваншистичка Русија“). „BBG“ укажува дека Русија „активирала глобален механизам за дезинформирање“, чија „цел не е да убеди како во класичната системска дипломатија) и да заслужи доверба, туку да внесе раздор со теории на завера и со ширење на лаги“. „BBG“ е уверен дека „Кремљ ја користи слободата на информирање за ширење на дезинформации“ и дека ги користи информациите за да „збуни, деморализира, искриви, парализира и создаде алтернативна реалност“.

„BBG“, зборувајќи за забраната за делување во рускиот радио-етер, укажува на ширењето на своите активности на Интернет, помеѓу другото, и на социјалните мрежи. На списокот на социјалните мрежи преку кои ќе се спроведува дејноста, се наоѓа социјалната мрежа „Однокласники“, чии корисници најактивно ги застапуваат официјалните ставови на Русија за многу прашања. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.