Властите на Казахстан негираа дека почнале трговска војна со Русија

Казахстан не води никаква трговска војна со Русија, изјави земник-министерот за национална економија на Казахстан Каирбек Ускенбаев, пренесува „Интерфакс“.

Казахстан не води никаква трговска војна со Русија, изјави земник-министерот за национална економија на Казахстан Каирбек Ускенбаев. „Нема никаква трговска војна. Русија е нашата најпријателска и најблиска земја“, изјави Ускенбаев, пренесува „Интерфакс“.

„Се работи за безбедноста на земјата – ако едни или други производи, независно од која земја се, не се соодветни на критериумите кои ја обезбедуваат сигурноста, тогаш никој не сака да користи такви производи“, ги коментираше тој случаите со отстранување на прехранбени продукти од руско производство од продавниците во Казахстан.

Во петокот Комитетот за заштита на правата на потрошувачите на Казахстан објави дека нашол случаи на измама на потрошувачите и прекршување на  прописите на Евроазискиот економски сојуз во руските видови мајонез, масло и кондиторски производи кои се продаваат во републиката.  

„Роспотребнадзор“ од своја страна откри бројни повреди на прописите за млечните производи од Казахстан.

Исто така, беа откриени производи забранети за увоз од Казахстан во Руската Федерација. На пример, во московската област беше откриено суво овошје (кајсии, ореви) произведено во САД, а пакувано во Казахстан.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.