Млекопроизводителите бараат владата на РФ да го прошири ембаргото на увоз на млечни производи

Руските млекопроизводители се обратиле до владата на РФ со барање за проширување на ембаргото на прехранбени производи со забрана за увоз на млечни производи со растително потекло, пишува денеска весникот „Известија“.

Руските млекопроизводители се обратиле до вицепремиерот Аркадиј Дворкович и министерот за земјоделство Николај Фјодоров со барање да се прошири  ембаргото на прехранбени производи со забрана за увоз во РФ на млечни производи со растително потекло, пишува денеска весникот „Известија“.

Во обраќањето на гранската асоцијација „Сојузмолоко“ до вицепремиерот и министерот се содржи барање за проширување на списокот со санкции со вклучена забрана за увоз на млечни производи со растително потекло. Според податоците на весникот, увозот на вакви производи од Франција, Данска, Литванија и Полска во ноември-декември 2014 година достигнал 6 илјади тони.

Од Роспотребнадзор изјавија дека ги проверуваат увозните млечни производи, но успеале да запрат нивен увоз единствено поради несоодветно пакување според барањата на Царинскиот сојуз. На тој начин претходно службата го запре увозот на територијата на Русија на млечни производи од Полска.

Од Министерството за земјоделство на РФ и кабинетот на вицепремиерот Аркадиј Дворкович не можеа да потврдат дека добиле писмо од млекопроизводителите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња