Медиуми: Русија и Кина ќе можат да му стават крај на американскиот глобален терор

Реална противтежа на „глобалниот терор“ на САД, според австриските медиуми, можат да бидат само Русија и Кина.

Како што пишува авторот на австрискиот „Контра Магазин“ (Contra Magazin) Хенри Паул, воените цели на САД јасно ги опишува доктрината на Волфовиц која беше објавен во 1992 година. 

„Наша прва цел е да се спречи повторно појавување на нов конкурент на територијата на поранешниот СССР или на кое било друго место, кој ќе може да претставува иста закана за поредокот како што порано претставуваше Советскиот Сојуз. Тоа е основниот фактор кој лежи во основата на новата стратегија за регионална одбрана. Ние треба да ги вложиме сите напори за спречување на појава на секаков силен и непријателски регион чии ресурси под единствена контрола се доволни за формирање глобална власт“, гласи една од нејзините клучни формулации.

Во моментов, според Паул, замислата на Вашингтон се состои во тоа што САД се стремат да воспостават нов светски поредок кој тие го нарекуваат „светска демократија“. Според мислењето на авторот на статијата, по завршувањето на Втората светска војна САД намерно ги уништуваат суверените држави, користејќи ја за тоа својата економска, воена и политичка сила.

„САД не само што ја проширија својата територија за сметка на други земји, не само што ја испратија својата воена флота во сите океани, туку тие и изјавуваат дека сите земји и океани се „сфера на нивно влијание“, територија која тие треба да ја штитат со помош на својот инструмент НАТО“, ги цитира „ИноТВ“ зборовите на Хенри Паул.

САД толку ги раздразнува економската соработка меѓу Европа и Русија што во Белата куќа веќе неколку децении се прават заговори и плетат интриги за да се посее раздор кој нема да дозволи формирање дури ни на најмала сенка од слаба политичка руско-европска алијанса. Секоја соработка на евроазискиот континент е непосредна, директна закана по „американската идеологија на глобална доминација“. „Воена окупација под маската на несебична помош и создавање марионетски олигархиски режими кои водат војни против сопственото население“ веќе одамна станаа норма за САД.  

Јужна Америка, Јапонија, Западна, Источна, Северна Европа, Југо-Источна Азија, Австралија, Нов Зеланд, Англија, Африка – сите се веќе под контрола на САД, тврди „Контра Магазин“. Кина, Русија, Јужна Африка, Бразил, Индија и Иран засега успеаја да си го задржат суверенитетот. Меѓутоа притисокот од страна на САД расне, на дестабилизација веќе се подложени Бразил и Иран.  На Русија ѝ го закачија прекарот „светска закана“, а Кина ја нарекуваат провокатор за атомска војна. Иако токму Русија и Кина се единствените суперсили кои би можеле да му стават крај на американскиот терор без војна и атомски напади.

Како што пишува Паул, ако САД не успее да ја потисне Русија во Украина со помош на натовските провокации, тогаш на крајот на 2016 година тие ќе се обидат да го искористат својот нуклеарен потенцијал. И суверените држави од целиот свет треба да успеат да направат избор до тој момент: сакаат ли да живеат под тоталитарна глобална управа на САД или во слободен свет.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња