Сорос: Без Меркел немаше да има санкции против Русија

Џорџ Сорос во интервју за германското издание на „Франкфуртер Рундшау“ се изрази позитивно за политиката на Ангела Меркел во однос на Русија во контекст на украинската криза, пренесува РИА „Новости“.

Основачот и прв човек на „Фондациите Отворено Општество“ Џорџ Сорос во интервју за германското издание на „Франкфуртер Рундшау“ (Frankfurter Rundschau) се изрази позитивно за политиката на Ангела Меркел во однос на Русија во контекст на украинската криза, пренесува РИА „Новости“.

„Без Меркел немаше да има санкции против Русија“, смета Сорос.

Според Сорос, санкциите претставуваат „нужно зло“, сепак, само санкции за решавање на украинскиот конфликт не е доволно: на Украина ѝ треба помош во толкаво количество не само за да „преживее“, но и да „просперира“. 

Американскиот милијардер кој претходно ја обвини ЕУ за недоволна помош за Украина, овој пат реши да ја пофали канцеларката на Германија затоа што „во украинското прашање таа дејствува како вистински европски политичар место да ги следи тесните интереси на Германија“.

Сепак, тој истакна дека многумина во Европа, вклучително и во Германија, „замижуваат пред тоа“ колку „висока цена“ претставува за нив Украина. Покрај тоа, американскиот милијардер не ја фали Меркел за нејзината економска политика.

„За жал, што се однесува до финансиската политика, Меркел ја води Европа во лош правец“, тврди тој.

Во својата неодамнешна статија во „Проект Синдикат“ Сорос тврдеше дека ЕУ „во корен неправилно“ реагира на украинскиот конфликт и ја спореди помошта што ја добива Украина од Европа со исхрана преку инфузија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња