Воздушно-десантната војска на Русија во април се подготвува првпат да изврши десант на лед што плови во близина на Арктикот, соопшти во саботата претставник на управата на службата за печат и информирање на Министерството за одбрана на Русија за ВДВ Евгениј Мешков.
„Првпат во историјата на Русија единиците на Воздушно-десантната војска заедно со контингентите на КСОР (Колективни сили за оперативна реакција) на државите-членки на ОДКБ во април планираат да спроведат масовен десант на пловен лед во централната акваторија на Северниот Леден океан“, изјави Мешков, пренесува РИА „Новости“.
По десантот во централниот дел на Арктикот ќе се реализира научна хуманитарна експедиција за пребарување и спасување во правец на Северниот пол.
Настанот со учество на руските падобранци и контингенти на КСОР на државите-членки на ОДКБ се реализираат во соработка со воено-транспортната авијација на Русија и Експедицискиот центар на Руското географско друштво.
Во март оваа година разузнавачките единици од Ивановската единица на ВДВ во рамките на ненајавената проверка на Вооружените сили на Русија првпат извршија десант во реонот на архипелазите Нова Земја и Земјата на Франц Јозеф.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче