МНР РФ: Русија е против ограничувањето на правото на вето на постојаните членови на СБ ООН

Русија е против ограничување на правото на вето на постојаните членови на Советот за безбедност на ООН, изјави официјалниот претставник на МНР РФ Александар Лукашевич.

Русија е против иницијативата на Франција за ограничување на правото на вето на постојаните членови на Советот за безбедност на ООН. Ова го изјави официјалниот претставник на МНР РФ Александар Лукашевич.

„Прашањето беше многупати поставено. Правото на вето на сегашните постојани членови на СБ ООН не може да биде ограничено, тоа е јасно наведено во основачките документи на ООН, изјави тој. – Во врска со ова се одвиваат консултации. Како сето тоа ќе изгледа на јубилејното заседание на Генералното собрание на ООН, не знам".

Дипломатот ја оцени ваквата иницијатива на Париз како „голема политика“. „Нам многу не ни е јасно што значи „да се ограничи правото на вето“. Тоа е професионален разговор на државите кои работат во основниот орган на ООН“, додаде Лукашевич.

Генералното собрание на ООН е главен советодавен орган на ООН. 70-та сесија на Собранието ќе се одржи во Њујорк во септември годинава. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња