Лавров: Страните во иранските нуклеарни разговори се согласуваат за секое клучно прашање

Иран и групата П5+1 се согласија за секое клучно прашање, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува „Интерфакс“.

Иран и групата П5+1 се согласија за секое клучно прашање, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува „Интерфакс“.

Тој изјави дека договореното ќе биде објавено во текот на денот. „Експертите ќе ги изработат деталите до крајот на јуни. Како што знаете, проблемот е во деталите, но целта е сосема изводлива“, рече министерот во програмата на „Русија 24“.

Тој исто така рече дека сигурен дека министрите се согласиле за сите суштински аспекти на финалниот договор и нивната согласност ќе биде претворена во документ кој треба да биде потпишан најверојатно денеска.

„Целиот концепт на оваа активност се потпира на мислењето што го искажа рускиот претседател Владимир Путин пред неколку години кога повика на решавање на иранскиот нуклеарен проблем врз база на правото дадено на Иран за нуклеарна програма за цивилни цели, вклучувајќи го збогатувањето на ураниум, програмата контролирана од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и укинувањето на сите санкции наметнати врз Иран“, потенцираше Лавров.

Тој исто така рече дека нацрт-договорот меѓу Иран и групата П5+1 вклучува пошироки предлози за подигање на санкциите.

„Спогодбата предвидува сеопфатна метода за решение, вклучувајќи верификација на исклучително мировната природа на нуклеарната програма од страна на МААЕ и детални предлози за подигање на санкциите“,изјави тој.

Лавров додаде дека шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Иран Џавад Зариф ќе ги презентираат деталите од спогодбата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња