Си-Ен-Ен им советува на инвеститорите да вложуваат во Русија

Странските инвеститори вреди да подразмислат за вложување на своите пари во Русија, сметаат аналитичарите на Си-Ен-Ен Пари (CNN Money).

Странските инвеститори вреди да подразмислат за вложување на своите пари во Русија, сметаат аналитичарите на Си-Ен-Ен Пари (CNN Money).

„Можеби сега е времето да се вложува во Русија. Да, токму така“, велат од Си-Ен-Ен.

Без оглед на тоа што економијата на Русија се наоѓа во тешка положба оваа година, а Западот сѐ уште може да наложи нови санкции, пазарот на акции, девизи и обврзници во Русија скока сѐ повисоко, се истакнува во материјалот.

„Една година по ужасот што го доживеа рубљата – кога речиси двојно ѝ падна вредноста – руската валута се крена на нозе за околу 4% од почетокот на 2015 година и сега курсот ѝ е околу 58 рубли за еден долар. Споредете го тоа со рекордно нискиот курс на кој спадна рубљата минатиот декември – 80 рубли за долар“, се вели во статијата. Според информациите на изданието, нафтените фјучерси станаа поодржливи, a брендот „WTI“ се продаваше последниве денови околу $50 за барел што позитивно се одрази врз руската економија.

Исто така, забележани се и добри тенденции на пазарот на руски обврзници – доходовноста на 10-годишните државни обврзници на Русија се намалија на 11,5% од 13,5% на почетокот на годината, и макар што тоа ниво е повисоко од минатата година, падот оди значително побавно. Некои странски инвеститори веќе прават свои прогнози за иднината на руските обврзници – на пример, аналитичарот на банката „Бенк оф Америка Мерил Линч“ Дејвид Хаунер неодамна ги зеде државните обврзници во рубли за свои основни во Источна Европа, на Блискиот Исток и во Африка.

И руските акции живнаа, индексот на ММВБ порасна за над 14% оваа година, а и во целина руските финансиски пазари сега се помирни отколку што беа во декември, пишува во статијата, истакнувајќи ја поволната клима за инвестиции во РФ.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња