Анкета: Републиканците во САД сметаат дека Обама е посериозна закана од Путин

Третина од анкетираните приврзаници на републиканците смета дека претседателот на САД Барак Обама претставува посериозна опасност од претседателот на Русија Владимир Путин, пишува „Ројтерс“.

Третина од анкетираните приврзаници на републиканците смета дека претседателот на САД Барак Обама претставува посериозна опасност од претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Сирија Башар Асад. За непосредна опасност по САД Обама го сметаат 34% испитаници. Рускиот претседател како опасност го гледаат 25% анкетирани, а по него следува Башар Асад (23%), пренесува агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на резултатите од Интернет анкетата на американските гласачи. си

Социологот Бери Гласнер смета дека резултатите од анкетата не треба да чудат никого, затоа што американската политика е многу поларизирана. „Во Америка постои тенденција  да се демонизира човекот кој се наоѓа во Белата куќа“, смета социологот, истакнувајќи дека овој однос сега го покажува републиканската партија пред почетокот на  претседателската кампања во 2016 година.

Приврзаниците на републиканците сметаат дека демократите се опасност за САД (27%), додека 22% демократи смета дека републиканците се вистинската опасност

Во анкетата спроведена во март учествувале 2 809 испитаници.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња