Путин: Палестинците имаат право на своја држава

Според зборовите на претседателот на РФ, Русија и понатаму ќе помага за постигнување на таа цел и ќе се залага за решавање на проблемите во арапскиот свет по мирен пат.

Палестинците имаат право да формираат независна, одржлива држава, со територијален интегритет со седиште во Источен Ерусалим.

Русија и понатаму ќе помага за постигнување на таа цел, дејствувајќи како по билатерални канали, така и во мултилатерални формати, вклучително и во „квартетот“ на меѓународни посредници.

Ова во изјави претседателот на РФ Владимир Путин во поздравниот говор до шефовите на државите и владите на земјите-членки на Арапската лига кои учествуваат во самитот во Шарм-ел-Шеик во Египет.

Тој исто така рече и дека Русија апсолутно ги осудува злосторствата на екстремистите и терористите поради кои се најдоа под закана за безбедноста многу арапски земји, и се залага за решавање на проблемите по мирен пат.  

„Ние го поддржуваме стремежот на арапските народи за просперитетна иднина и се залагаме за решавање на сите проблеми што стојат пред нив по мирен пат, без мешање однандвор“, изјави Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња