Медиум: Целта на Путин е да ја доведе Европа до „нов комунизам“

Според „АгораВокс“, конечната цел на Владимир Путин е воспоставување модифицирана верзија на комунизмот во цела Европа.

Според мислењето на „АгораВокс“, конечната цел на Владимир Путин не е победа над САД во Украина, туку победа во вистинската, поважна битка. Рускиот претседател гледа пошироко и сака да ги добие „изборите во цела Европска унија“ и да изгради Европа со интегрирани во неа Русија и социјалните достигнувања на СССР од кои Европејците беа натерани да се откажат од страна на САД во замена за „псевдодемократија“.

За да им се спротивстави на САД, на Русија ѝ треба нешто со поголема тежина од бомбите. На Русија ѝ е потребна идеологија, поточно „нов комунизам“. Според мислењето на авторот, оваа модифицирана верзија на комунизмот нема ништо заедничко со ГУЛАГ-от и пред сѐ претставува „последна верзија на посланието Христово“: колективизам, солидарност, еднаквост.  

Ако приврзаниците на Путин, кого го поддржуваат 70% нод населението, се здружат со комунистите, нивните последни противници, кои имаат поддршка од 17% на населението, ќе се добие поширок идеолошки консензус од оној на кој може да се смета во други земји, смета изданието. „Новиот комунизам“ брзо ќе стане доминантна политичка сила во Европа каде се покажаа како дискредитирани сите политички текови, резимира „АгораВокс“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.