Министерот за надворешни работи на Шведска Маргот Валстром остро реагираше на уште едно појавување на руски авиони во близина на кралството. Иако првично таа ја обвини Русија за „нарушување на правилата“, подоцна таа ја ублажи својата изјава, објави „Ино ТВ“.
Два ловци Су-27 и два бомбардери Ту-22М прелетале близу шведските острови Готланд и Борнхолм. Кога ги пресретнале ВВС на Шведска, тие се наоѓале во меѓународен воздушен простор и неколку авиони од други земји исто така го пресретнале и придружувале Русите. Меѓутоа министерката истакна дека руските авиони летале со вклучени транспондери.
„Бараме од руската страна почитување на постојните правила и прекин на крајно предизвикувачкото однесување кое претставува директна опасност за цивилната авијација“, изјави Валстром. Шведска е уморна од постојаната потреба да ѝ го искажува својот протест на Русија во врска со тие „пречекорувања, поточно – прекршувања на правилата“, додаде таа.
Министерот за одбрана на Шведска Петер Хултквист сепак истакна дека Шведска не ја обвинува Русија за прекршување на правилата. Тој објасни дека неговото министерство веќе многупати ја информирало Москва дека летовите без транспондер се „несоодветно однесување“. „Сметам дека тие треба да го сменат својот курс“, изјави Хултквист.
Претставницте на опозицискиот блок на Шведска побрзаа да ја истакнат неусогласеноста на позициите на министрите. Сепак подоцна портпаролот на министерството за надворешни работи на Шведска Ерик Буман соопшти дека Валстром и Хултквист имаат единствен став околу ова прашање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче