Проектот за изградба на гасовод низ Македонија што го предложи Русија со поддршка од Турција, ќе му обезбеди на регионот стабилност и суверенитет и ќе даде придонес во изградбата на мултиполарен демократски свет, смета италијанскиот новинар и експерт за Балканот Умберто Паскали, пишува „Спутник“.
Според Паскали, евентуалната успешна реализација на овој проект би можела да се спореди со Сталинградската битка во сферата на енергетиката и политиката. Тој го објаснува овој свој став со „силите кои го контролираат движењето на енергенсите на Запад“ нема да дозволат појава на независни извори на енергија кои би ги контролирале суверените држави на Балканскиот полуостров.
Според мислењето на Паскали, изградбата на „Балкански тек“, пред сѐ, ќе ги поврзе со тесни економски врски Турција, балканските и западноевропските земји (на пример Австрија и Германија) и, исто така, ќе го запре процесот на „балканизација“, т.е. распарчувањето на Балканот и ќе обезбеди мир и стабилност во регионот кој одамна го распарчуваат разни големи сили: Британската Империја некогаш, а во наше време САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче