Русија за време на Владимир Путин веќе ја „победи“ Америка, пишува германското издание на „Биргерштиме“ (Buergerstimme). „На верните вазали на САД сега ќе им биде тешко, затоа што некои земји од ЕУ не сакаат да ја поддржат политиката на санкции против Русија. А Шпанија веќе бара стабилни и чесни односи со Москва“, истакнува изданието.
Претходно германските претпријатија веќе се жалеа на загуби, предизвикани од „неразумната политика на санкции“, сега нивниот пример го презедоа цели држави весникот. Меѓу нив се Шпанија, Италија, Грција, Кипар, Унгарија, Австрија, Словачка и делумно Франција.
Според мислењето на изданието, нема ништо изненадувачко во тоа што на крајот на краиштата САД со промовирањето антируска политика почнаа да го губат своето влијание во ЕУ. Особено силно сакаат да добијат поголем суверенитет јужноевропските земји, кои не сакаат да бидат де од американските „големодржавни фантазии“. За нив модел на државен лидер е Владимир Путин, кој поседува доволно волја за да оди по сопствениот пат.
Членките на ЕУ се разидуваат во мислењата во врска со односите со Русија. САД со децении водеа непрестајни војни, сакајќи да го диктираат сопствениот политички курс ширум целиот свет. Токму затоа се спротивставија јужните земји, кои имаат гордост и чувство за сопствено достоинство, убеден е авторот на статијата.
Слепата послушност остана во минатото: денес земјите на ЕУ остро поставуваат прашања за вредностите и почнуваат на нов начин да се осознаваат себеси и Европа во целина. „Русија со Владимир Путин веќе ги победи САД. Сѐ поголем број Европејци повеќе ѝ верува на Русија отколку на САД“, се вели во статијата.
Делумно тоа стана возможно благодарение на работата на слободните медиуми, кои уште од почетокот на украинскиот конфликт брзо ја демаскираат лагата и внесуваат јасност во замрсените прашања.
Европа сѐ поактивно ја избегнува
доминацијата на САД и се стреми кон целосна независност. И макар што во тој процес
граѓаните на ЕУ ги очекуваат многу турбуленции,
на крајот на краиштата „Америка ќе падне и Европа, најпосле, ќе биде слоодна“,
заклучува авторот на статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче