Руската војска во 2014 година доби над 6000 парчиња нова оклопна техника и возила, како и околу илјада парчиња ново ракетно и артилериско вооружување. Ова во интервју за весникот „Московски комсомолец“ го изјави заменик-министерот за одбрана Дмитриј Булгаков.
Според Булгаков, во наведената техника спаѓаат тенкови, БМП, БТР, теренски сервисни средства, возила за општовоена намена.
Меѓу сериските примероци на вооружување, Булгаков ги наброја оперативно-техничкиот ракетен систем „Искандер-М“, самоодното артилериско орудие (САУ) „Мста-СМ“, противракетниот систем С-300В4, противракетниот систем „Тор-М2У“, мобилниот противракетен систем „Врба“.
Според замник-министерот, на крајот на 2014 година набавката на наведената опрема и вооружување било во целост обновено вооружувањето на 25 единици и делови од вооружените сили.
Во моментов во Русија се имплементира Државната програма за вооружување за периодот од 2011-2020 година, за која се издвоени над 20 трилиони рубли. До 2020 година руската војска треба да добие 100 борбени бродови, 600 нови и 400 модернизирани авиони, околу 1000 хеликоптери, 56 дивизиони со противракетен систем С-400 и 1 дивизиони со противракетен систем С-500, како и значителен обем на оклопна техника од најнова генерација (на платформите „Армата“, „Курганец-25“ и „Бумеранг“).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче