ФСБ соопшти дека ќе се формира мрежа на центри против хакери

ФСБ на Русија денес соопшти дека во земјата ќе се формира мрежа на центри за откривање, спречување и уништување на последици од компјутерски напади.

ФСБ на Русија денес соопшти дека во земјата ќе се формира мрежа на центри за откривање, спречување и уништување на последици од компјутерски напади. 

Ова е наведено во утврдената од страна на претседателот Концепција на државниот систем за откривање, спречување и уништување на последиците од компјутерски напади врз информатичките ресурси на Русија.

Во документот се истакнува дека основна компонента на новиот систем ќе станат центрите за откривање, спречување и уништување на последиците од компјутерски напади кои ќе бидат формирани при федералните установи и во регионите.

Во текстот на Концепцијата се вели дека нивна основна задача ќе биде откривањето, спречувањето и уништувањето на последиците од компјутерски напади насочени кон бранети информатички ресурси, утврдување на причините за компјутерските инциденти предизвикани од компјутерски напади и анализа на состојбата на информатичката безбедност.

Во системот за кибербезбедност ќе спаѓаат главен центар, регионални центри, територијални центри, центри на органите на државната власт на Русија и органи на државната власт на руските региони. Освен тоа, исти такви центри вклучени во заедничкиот систем можат да бидат формирани од корпорациите, операторите за врски и други организации кои вршат лиценцирана дејност на полето на заштита на информацијата (корпоративни центри). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња