Министерството за вонредни ситуации планира да ѝ помогне на Јужноафриканската република во борбата со сушата и шумските пожари, соопшти првиот човек на министерството Владимир Пучков, пренесува РИА „Новости“.
„Ние имаме тешка авијација за борба со шумски пожари и го имаме специјално опремениот ИЛ-76. Имаме гасено пожари во Индонезија, на Балканот, во Европа. Спремни сме да помогнеме“, му рече Пучков на шефот на делегацијата на ЈАР Гордан Правин во текот на работната средба во рамките на Третата светска конференција на ООН за намалување на ризиците од несреќа која се одржува во Сендаи, Јапонија.
Страните се договорија во текот на месецов да подготват за потпишување договор за соработка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче