Експерт: Путин не исчезна, тој едноставно подготвуваше втора Кубанска криза

Директорот на Балтичкиот центар за истражување на Русија Владимир Јушкин гледа во воената соработка на Русија со земјите од Латинска Америка подготовка за нова Кубанска криза, пишува „Актуелна камера на естонски јазик“, а пренесува РТ.

Русија е подготвена да ја искористи нуклеарната рамнотежа. Дел од тој план може да биде распоредувањето на нуклеарно оружје до границите на САД. Директорот на Балтичкиот центар за истражување на Русија Владимир Јушкин гледа во воената соработка на Русија со земјите од Латинска Америка подготовка за нова Кубанска криза.  

Според мислењето на Јушкин, не е важно каде се наоѓа претседателот на Русија, туку е важно што прави тој кога не се појавува пред јавноста, пишува „Актуелна камера на естонски јазик“, а пренесува РТ.

„Кога Путин исчезнува и одмора, има основа за вознемиреност, затоа што тој може многу мирно и ладнокрвно да го подготвува светот за втора Кубанска криза“, вели Јушкин. Исто како за време на студената војна, Русија става акцент на својот нуклеарен потенцијал.

Во 1962 година Советскиот Сојуз распореди на Куба свои ракети, за да може со приближување до целта да го пополни заостанувањето зад САД. Според бројот на нуклеарни глави денеска силите се еднакви, но САД можат да нанесат удар многу побрзо.

По неколку години Американците планираат да вклучат во своето вооружување хиперсонични ракети тип X51 кои сега никој не може да ги открие или следи, објасни Јушкин. „Затоа е потребно да се повтори маневарот од 1962 година и максимално да се доближат руските сили до Америка“, истакнува тој.  

Теренот веќе се подготвува – како потврда на тоа Јушкин ги наведува договорите со Венецуела и Никарагва кои дозволуваат воено-поморските сили на Русија да ги користат пристаништата во овие земји. Никарагва веќе изгради свој канал како противтежа на Панамскиот. „Веќе е потпишан договор за обезбедување на овој канал од страна на руските сили во фазата на изградба и користење. Притоа, како од воздух, така и од море. Практично оваа криза веќе се подготвува тивко и мирно“, изјави Јушкин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња