Денеска во Рига се одржа марш на ветераните на Вафен СС и нивните приврзаници. Во маршот исто така зедоа учество и пратеници во Сејмот од националната асоцијација „Сѐ за Латвија“.
„Во тек е масовен процес во земјите на Источна Европа. Овој процес е поддржуван од Германија, која најмногу од сите е заинтересирана за рехабилитација на нацизмот. Германците го прават тоа многу прецизно, итро, ставајќи ги на преден план своите поранешни сателити од времето на Втората светска војна, кои ништо помалку не се вмешани во злосторствата против човештвото. Активно ја поддржуваат зад кулисите целата таа активност“, рече во програмата на радио Спутник водечкиот експерт на Центарот за воено-политички истражувања на МГИМО Михаил Александров.
Како што истакнува експертот, таквото молчаливо одобрение на заживувањето на нацизмот веќе доведе до граѓанска војна во Украина и тоа воопшто не е крајната граница за тоа.
„ЕУ не го осудува тоа, мрмори нешто недефинирано, но не реализира конкретни дејствија. Таа опасна тенденција веќе доведе до граѓанска војна во Украина. И што ли уште нема да се случи“, смета Михаил Александров.
Според неговото мислење, сега во Европа се одвива процес на заживување на нацизмот.
„Мислам дека во Европа определени елити се потпираа врз нацизмот и потајно го заживуваат. Едноставно тие не сакаат да го направат тоа нагло, веднаш. Тие го насочуваат врвот на нацистичкиот напад против Русите за да добијат одобрение од Англосаксонците. Исто како што делуваа пред Втората светска војна, откако го насочија врвот на нападот наводно против комунизмот. Англосаксонците им аплаудираа и ја насочуваа нивната агресија на Исток. И сега е можно повторување на истото што се случуваше во 30-те години“, заклучи експертот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче