НАТО изрази загриженост поради вонредните маневри на руската војска

Руската практика за спроведување ненадејни воени вежби предизвикува сериозна загриженост кај НАТО, изјави генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг, пренесува ТАСС.

Руската практика за спроведување ненадејни воени вежби предизвикува сериозна загриженост кај НАТО, изјави генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг.

„Вонредните, ненајавени и неочекувани воени маневри придонесуваат за нестабилноста, убеден е генсекот на НАТО. – ВО текот на последните две години Русија реализираше околу десетина вонредни воени маневри“.

Според него, присоединувањето на Крим кон Русија „беше остварено под изговор за вонредни маневри“ , го цитира ТАСС повикувајќи се на „Гардијан“.

„НАТО нема одржано вонредни маневри по завршувањето на студената војна“ изјави тој.

Столтенберг истакна дека во светлината на зголемувањето на бројот на вонредни маневри на руската војска, како и порастот на нејзиното воено присуство во близина на границите на НАТО, алијансата би сакала „да има поголема транспарентност и поголема предвидливост“.

Британскиот весник потсетува дека Русија го зголемила бројот на летови на воздухопловството над Балтикот, што го натерало НАТО да го зголеми воздушното патролирање над Естонија, Литванија и Летонија.

„Важно е каналите за врска по воена линија да останат отворени“, убеден е Столтенберг, според кого само поголем степен на транспарентност може да штити од недоразбирања и да гарантира дека „бројот на таквите инциденти нема да расте и дека нема да избегаат од контрола“.

„Ние правиме сѐ што можеме за да се увериме дека тоа е така, но нивното (на Русија)  напуштање на (Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа - ДКВСЕ) е дел од пошироката слика“, убеден е генералниот секретар на НАТО. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.