Претседателот на Русија Владимир Путин раскажа детали за настаните во март минатата година, кога како резултат на референдумот Крим се присоедини на РФ.
Во документарниот филм „Крим. Патот за татковината“ чиј фрагмент беше прикажан вчеравечер на каналот „Русија 1“, тој раскажа дека кратко време пред референдумот било спроведено социолошко истражување за да се разјасни како самите Кримјани се однесуваат спрема идејата за враќање во состав на РФ.
„Стана јасно дека оние кои сакаат да се присоединат на Русија се 75% од вкупниот број. Разбирате, беше спроведена затворена анкета, надвор од контекстот за можното присоединување. За мене стана очигледно дека ако реагираме навремено, тогаш процентот или бројот на оние кои би сакале да се случи тој историски настан ќе многу повисок“, истакна рускиот претседател.
„Конечната цел беше во тоа да им се даде можност на луѓето да го искажат своето мислење во врска со тоа, како сакаат да живеат понатаму... Во себе си помислив, ако луѓето посакаат така, значи, така и треба да биде. Значи, тие ќе бидат таму со голема автономија, со некакви си права, но во состав на украинската држава. Нека биде така. Но ако посакаат поинаку, тогаш ние не можеме да ги оставиме! Ние ги знаеме резултатите од референдумот. И ние постапивме така, како што бевме должни да постапиме“, рече Путин.
Крим и Севастопол станаа руски региони по спроведениот референдум во март 2014 година на кој мнозинството жители се изјаснија за влегување во составот на РФ. Согласно договорот за присоединување, сите жители на Крим се признаваат за државјани на Русија, овен ако не напишале изјава дека сакаат да останат државјани на Украина. Според податоците на ФМС, барања за откажување од руското државјанство поднеле само 3 427 лица. Вкупно на Крим живеат околу 2 милиони души. Киев, без оглед на исходот од референдумот, сѐ уште го смета Крим за своја територија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче