САД замрзнаа околу 640 милиони долари на руските банки „Русија“, „Собинбанк“ и „СМП Банк“, пишува весникот „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се на информации од американското Министерство за финансии, пренесува РИА „Новости“.
На замрзнатите сметки на банките „Русија“ и „Собинбанк“ во САД се наоѓаат 572 милиони долари. Според информациите на весникот, тоа изнесува околу 10% од вкупната актива на кредитната организација во 2013 година според денешниот курс за размена. Основната сума – околу 435 милиони – била во финансиската компанија „Компјутершер“ (Computershare) која се занимава со менаџмент на плаќања на дивиденди и пакети-акции на барање на своите клиенти. Уште неколку десетици милиони се замрзнати на сметката во „Рајфајзен“ банката, наведува ВСЏ информации од Министерството за финансии на САД.
„СМП Банк“ остави на американските сметки 65 милионов долари - или 2% од активата во 2013 година поред тековниот курс пресметаа новинарите. Овие пари се распоредени на стотици сметки, од ко најголемите се во „Ситибанк“, „Дојче банк“ и „Џеј-Пи Морган Чејс“ (по неколку милиони долари), пишува весникот.
Согласно американскиот закон за заштита на лични информации, Министерството за финансии не наведува имиња на компании и приватни лица чии сметки се замрзнати од страна на САД. Познато е само дека најголемата финансиска сметка блокирана поради санкциите се наоѓа во банката „Браун Брадерс Хариман“ и изнесува 2 милиона долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче