Медведев: Владата нема намера да воведува нови даноци и давачки

Владата на РФ не планира да воведува нови даноци и такси и да ги зголемува ставките за постојните, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведв, пренесува РИА „Новости“.

Владата на РФ не планира да воведува нови даноци и такси и да ги зголемува ставките за постојните, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев, пренесува РИА „Новости“.  

„Владата нема намера да воведува нови даноци и давачки, како и да ги покачува ставките за постојните даноци и давачки“, рече Медведев,  отворајќи го состанокот со претставниците на бизнис-заедницата.

Тој истакна дека основен услов за водење бизнис е стабилноста на правилата на игра, пред сѐ во даночната сфера. „Истовремено ние, се разбира, треба да продолжиме заедно со вас да го унапредуваме даночното законодавство и администрирањето за задолжителните плаќања за буџетот и вонбуџетските фондови“, изјави премиерот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња