Убиен Борис Немцов

Непознат напаѓач четири пати пукал во опозиционерот.

Во Москва е убиен политичарот Борис Немцов. Според извори на Интерфакс, непознат напаѓач четири пати пукал во опозиционерот. Според податоците на руското МНР, тој бил застрелан во грб. Од куршумите Немцов починал на место. Информацијата за смртта на Борис Немцов ја потврди и политичарот Иљја Јашин.

Според ТАСС, убиството се случило на Васиљевскиот дол. Телевизиската станица РЕН соопштува дека тој е убиен на Бољошој камени мост. Според информации на телевизискиот канал, врз политичарот било стрелано од автомобил со бела боја.

Од своја страна, РИА Новости, повикувајќи се на Иљја Јашин, известува дека убиството се случило на Бољшој москворецки мост.

Борис Ефимович Немцов е познат руски политичар, пратеник во собранието на шестиот состав на Јарославската област, еден од основачите и лидер на Обединетото демократско движење „Солидарност“, копретседател на политичката партија РПР-ПАРНАС, член на Координациониот совет на руската опозиција.

На 17 март 1997 година тој беше поставен за вицепремиер на Владата на Русија. Од 25 април до 20 ноември 1997 година Немцов беше министер за горива и енергетика на Русија, а од 22 мај 1997 година до 1 октомври 1998 беше член на Советот за безбедност на Русија.

Во својата понатамошна кариера Немцов најпрво беше силен поддржувач на политиката на Владимир Путин. По извесен период тој преминува во опозицијата со постојани барања за заминување на Путин од чело на државата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња