Украински министер: „Информациските сили“ ќе ги тролаат руските опоненти

Министерот за информациска политика на Украина Јуриј Стец соопшти дека сајтот „Информациски сили“ во борбата против руската пропаганда има за задача која е своевидно „тролање на руските опоненти“, пренесува „Взгљад“.

Министерот за информациска политика на Украина Јуриј Стец соопшти каква улога има сајтот „Информациски сили“ во борбата против руската пропаганда, опишувајќи ја нивната задача како своевидно „тролање на руските опоненти“.

Коментирајќи го сновањето на веб-локацијата „Информациски сили на Украина“, министерот изјави дека тоа било „подарок“ за Русите за 23 февруари, Денот на бранителот на Татковината. „Токму овој датум се смета за денот на основањето на „Информациските сили на Украина“. Ако сакате, се работи за тролање на руските опоненти. Оваа платформа овозможува многу ажурно да се пренесуваат вистинитите вести и да се демантираат лажните за оние луѓе кои ќе се пријават на веб-локацијата, а потоа нивно право е дали ќе ги шират тие информации или не“, изјави тој во интервју за „Дојче Веле“, а пренесува весникот „Взгљад“.

„Наша задача е да обезбедиме многу брзо пренесување на вистината преку Интернет, затоа што сметам дека вистината е најдобрата пропаганда“, додаде Стец. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња