Роскомнадзор му издаде на Си-Ен-Ен дозвола за регистрација во Русија

Роскомнадзор го одобри барањето на Си-Ен-Ен за обнова на регистрацијата и добивање универзална лиценца за емитување, пренесува РИА „Новости“.

Минатата недела Роскомнадзор прими барање од раководството на Си-Ен-Ен за обнова на регистрацијата и добивање универзална лиценца за емитување. „Дозволата е потпишана“, рече Ампелонски истакнувајќи дека во најскоро време ќе биде дадена на компанијата, пренесува РИА „Новости“.

По добивањето на потврда за регистрација на медиумот, како што претходно изјави претставникот на Роскомнадзор, овој документ ќе се најде во пакетот документи кој се поднесува за добивање универзална лиценца за емитување. Според законот, од моментот на поднесување на барањето за универзална лиценца, агенцијата е должна во рок од 30 дена да го разгледа и да донесе одлука.

По запазувањето на сите процедури раководството на ТВ-компанијата ќе може да го обнови емитувањето во Русија. Универзалната лиценца за емитување дава можност за емитување на каналот на кабелските телевизии на целата територија на Русија.

Си-Ен-Ен е телевизија основана од Тед Тарнер на 1 јуни 1980 година. Претставува дел од компанијата Turner Broadcasting System која е во сопственост на Time Warner. Компанијата Си-Ен-Ен прва на светот го понуди концептот на 24-часовно емитување вести. Вестите на Си-Ен-Ен се достапни за повеќе од 200 милиони домаќинства во 212 земји и територии во светот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.