Работата на Владимир Путин на местото претседател на РФ ја одобруваат 86% граѓани – овој показател е за еден процент повисок од јануари (85%), „Левада-Центарот“ ги соопштија резултатите од февруарското истражување. Веста ја пренесе „Интерфакс“.
Незадоволни од работата на претседателот сега се 13% испитаници.
Работата на Дмитриј Медведев на местото претседател на владата на РФ, како и пред еден месец, ја одобруваат 64%, а не ја одобруваат - 34% (во јануари - 35%).
Од работата на руската влада се задоволни 60% испитаници, од работата на Државната дума - 50%. Покрај тоа, според податоците од истражувањето, 63% испитаници ја одобруваат работата на своите губернатори (во Москва – на градоначалникот), а не ја одобруваат - 35%.
Политичар на кого најмногу му веруваат, како и претходно, е Путин - 59% анкетиран (55% во декември). На второ место е шефот на Министерството за одбрана на РФ Сергеј Шојгу – сега му веруваат 24% Руси. Последниов месец забележително скокна процентот на доверба кон шефот на МНР РФ Сергеј Лавров - 20% наспроти 12% во јануари.
Понатаму следуваат: Медведев (19%), лидерот на КПРФ Генадиј Зјуганов (11%), лидерот на ЛДПР Владимир Жириновски (10%), патријархот Кирил (6%), спикерот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко (5%), првиот човек на Чеченија Рамзан Кадыров (4%), екс-министерот за финансии РФ Алексеј Кудрин (3%).
12% испитаници во моментов не веруваат на ниту еден од руските политичари, а 13% изјавиле дека не се интересираат за политика.
Во целина работите во земјата во моментов одат во вистински правец, според мислењето на 54% Руси. Спротивно мислење застапуваат 29%, не се сигурни 17%.
Анкетата беше спроведена од 20-23 февруари врз 1600 испитаници во 134 населени места во 46 региони на земјата. Статистичката грешка не надминува 3,4%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче