Претседателот на Германија Јоаким Гаук изјави дека не планира да ја посети Москва по повод 70 години од крајот на Втората светска војна поради настаните во Украина, пренесува РИА „Новости“.
„Сметам дека сега не е соодветно време за тоа во овој период на воена конфронтација. Би сакал да беа подобри времињата“, изјави Гаук денеска на програмата на „Инфорадио“. Притоа, според неговите зборови, тој нема намера да го заборави уделот на советските војници во ослободувањето на Германија.
„Благодарен сум на сите политичари и претставници на граѓанското општество, интелигенцијата кои ги градеа мостовите на разбирање (меѓу народите). Факт е дека источните Германци, исто како Полјаците, Чесите, Словаците и Балтијците доживеаја поинаква форма на ослободување, за разлика од западните Германци, но овој факт не ни пречи да го цениме тоа што го сторија советските војници за ослободувањето (од фашизмот). И јас ќе го правам тоа“, рече претседателот на Германија. Според него, тој особено сака да им се оддаде почит на сеќавањето и страдањата на „милионите советски воени заробеници“.
„На специјална манифестација јас ќе зборувам за тоа дека половина од советските воени заробеници умрела од глад и мачење. На едно од воените гробишта јас ќе ја наведнам главата во сеќавање на страдањата на оние кои ја ослободија Германија – Руси, Украинци, Белоруси, Киргизи, Казаси“, рече Гаук.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче