Русија до крајот на 2015 година ќе ја заврши имплементацијата на договорот за испорака на Индија на дополнителни 71 транспортен хеликоптер Ми-17В-5. До овој момент на нарачателот му се предадени 48 летала. Ова беше изјавено за ТАСС на меѓународната аеровселенска изложба „Аеро Индија 2015“ од страна на раководителот на руската делегација, заменик-директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка (ФСВТС) Анатолиј Пунчук.
„До крајот на 2015 година сите обврски од руска страна ќе бидат исполнети“, рече тој. Рализатор на договорот е фабриката за хеликоптери во Казањ. Раководителот на руската делегација истакна дека леталата што се испорачуваат за Њу Делхи се опремени со мотори ВК-2500 од украинско производство. „Ја имаме потребната резерва од тие мотори. Пречекорување на роковите за испорака на хеликоптерите за индискиот нарачател нема да има“, истакна Пунчук, додавајќи дека сериското производство на овие мотори сега се врши во фабриката на компанијата „Климов“ во Санкт Петербург.
Како што напомна заменик-директорот на ФСВТС, компанијата „Рособоронекспорт“ склучи договор за испорака на Индија вкупно 151 хеликоптер Ми-17В-5. Во 2008 година беше потпишан основниот договор за 80 летала, а во 2012-2013 година уште три дополнителни спогодби за испорака на 71 Ми-17В-5 за потребите на Воздушните сили, министерството за внатрешни работи и секретаријатот на претседателот на Република Индија.
Основниот договор беше реализиран во текот на 2011-2013 година. До моментот на отворањето на „Аеро Индија 2015“ на индиската страна ѝ беа предадени 128 руски хеликоптери во рамките на основниот договор и неговите анекси.
Десеттата меѓународна аеровселенска изложба Аеро Индија 2015 се одржува во базата на ВС на Индија во Бангалор од 18 до 22 февруари 2015 година. Се очекува во изложбата да учествуваат 750 компании од разни страни на светот, бројот на посетители да изнесува околу петстотини илјади, од кои сто и педесет илјади бизнис-посетители и над триста илјади гледачи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче